Крис Водл: Мбапе да играше за Англија ќе го критикувавте дека е мрзлив и ужасен без топка

212

Легендата на англискиот фудбал, Крис Водл, во гостување на англиските медиуми  проговори за настапот на Англија на ЕП, но и за некои од најголемите ѕвезди кои летово се во Германија.

„Англија отсекогаш имала талентирани играчи, но никогаш не сме го извлекле најдоброто од нив затоа што секогаш сме барале премногу. Играта не е изградена околу нив. Кога Мбапе е без топка, ретко ќе го видите како брка противници или прави стартови. Тој се вклучува кога ја прима топката и тимот ја прифаќа таа негова игра. Ние во Англија секогаш бараме слабости кај играчите наместо нивните силни страни. Замислете само какви реакции ќе има за Мбапе доколку тој игра за Англија. За него би рекле: Тој е мрзлив. Одличен е кога ја добива топката, но е ужасен без топката. Таква е Англија, такви сме биле секогаш. Но, во Франција тој е прифатен и почитуван. Можеби еден ден ќе биде така во Англија, но не знам дали ќе дочекам да видам со свои очи“, изјави поранешниот англиски играч за врска.

ПретходноПетровиќ на местото на Радуловиќ во Пелистер
СледноФиналето на Светското првенство 2030 ќе се одигра на „Сантијаго Бернабеу“