Крос: Не мислам дека во петок ќе се пензионирам!

383

Секако дека сите четвртфинални пресметки ќе бидат супер интересни, но во преден план е онаа меѓу Германија и Шпанија. Прво поради фактот дека овие две селекции покажаа најмногу на ЕП, а второ поради фактот дека ако “панцерите“ загубат тогаш тоа ќе биде последен меч за Тони Крос како фудбалер во својата кариера. Познато е дека тој најави дека по завршувањето на ЕУРО 2024 ќе стави крај на играчката кариера:

Не мислам дека во петок ќе се пензионирам, па очекувам дека повторно ќе се видиме на прес – конференција“ посочи денеска на средбата со новинарите германскиот репрезентативец.

Ја прочуваме Шпанија, мислам дека ваквите натпревари се решаваат на средината од теренот. Ние како тим си поставивме за цел да триумфираме на ово турнир. Ќе видиме дали ќе успееме во тоа“ рече покрај другото Тони Крос за мега – пресметката со Шпанија.

ПретходноОфицијално: Вардар има нови сопственици!
СледноКаков малер: Потрошил 8.000 долари за да го гледа Меси, а Лео остана на клупата!