На Бразил му требаше победа за прво место, но остана без неа и без Винисиус (ВИДЕО)

1206

Бразил и Колумбија ремизираа 1:1 во натпреварот од последното коло од групата Д на Копа Америка. На овој начин Бразил остана на второто место во рангирањето и во 1/4-финалето ќе се соочи со уште еден од фаворитите за трофејот – Уругвај.

Рафиња го отвори резултатот за Бразилците во 12. минута, но Даниел Муњоз израмни во самиот финиш на првото полувреме. Бодот беше доволен за Колумбија да ја задржи првата позиција. Следен противник на тимот е Панама.

 

Винисиус Жуниор во борбата за топката веќе во седмата минута доби жолт картон, втор во групната фаза од натпреварувањето што значи и автоматска суспензија за следниот натпревар. Ѕвездата на бразилската репрезентација, стрелец на 24 гола и асистенција на 11 од нив во шампионската сезона на Реал, ќе има право да игра во полуфиналето, доколку Бразил стигне до него.

Двојки четвртфиналето Копа Америка:
Аргентина – Еквадор
Венецуела – Канада
Уругвај – Бразил
Колумбија – Панама

 

ПретходноМаестралната одбрана на Мерт во последната секунда (видео)
СледноМурињо му позајми играч на Нови Пазар