Незаборавниот датум во кариерата на Пеле стана национален празник во Бразил

71

Незаборавниот датум во кариерата на Пеле стана национален празник во Бразил
Во Бразил има нов национален празник – Денот на кралот Пеле. Ќе се слави секоја година на 19 ноември. На овој датум во 1969 година, фудбалската легенда го постигна голот број 1000 во кариерата на натпреварот помеѓу Сантос и Васко де Гама (2:1) на Маракана.

Предлогот да се почитува споменот на Пеле на 19 ноември е одобрен од претседателот на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва.

„Ова е повеќе од заслужено признание за еден од најважните и највлијателните луѓе не само во бразилскиот фудбал, туку и во светскиот спорт“, прокоментира сенаторот Хорхе Кајуру.

Пеле почина на 29 декември 2022 година на 82-годишна возраст.

ПретходноГерманската министерка побара санкции за Демирал поради начинот на прослава на головите со Австрија
СледноАнглиски судии ќе ја делат правдата на првите два четвртфинални дуели