Попладнево во Поградец, Шкендија во пријателски меч беше поразена од Партизани Тирана со 1:2, иако имаше водство уште во 2.минута со голот на Красниќи. Ова беше петта пријателска за тетовци во текот на овие подготовки и втор пораз. Инаку ова беше и “генералка“ за тимот на стратегот Јетон Беќири за првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции против Ноа на гости во Ерменија, меч кој се игра следниот четврток на 11 јули.