Новиот АБА-лигаш почна со градење на тимот: Дубаи со три „бомби“ во еден ден

747
Фото: ФИБА

Дубаи почна да гради тим. Засега и официјално знаеме дека тренер е Јурица Големац, а иако се шпекулираше се уште не е претставен ниту еден играч. Првиот кошаркар кој пристигна во Дубаи е всушност Данило Анѓушиќ, но тоа не е се.

Неофицијално Дубаи договорил се со тројцата играчи. Покрај доскорешниот дефанзивец на Партизан, ќе го доведат и искусниот словенечки шутер Клемен Препелиќ, како и долгогодишниот евролигаш Авуду Абас. Доколку оваа информација се покаже како точна, Дубаи би бил првиот клуб на Абас надвор од Италија во неговата кариера.

Искусниот крилен напаѓач со корени од Гана ја започна кариерата во Канту каде играше шест години. Потоа помина две сезони во Олимпија Милано, па две во Бреша, а претходните четири играше за Виртус. Што се однесува до Клемен Препелиќ, овој 31-годишен Словенец, откако играше за неколку екипи во својата татковина, се пресели во Банвит, па во Олденбург, Лимож и Левалоа пред една година да игра за Реал Мадрид. По Хувентуд и Валенсија дојде во Цедевита Олимпија, а минатата сезона ја заврши во Галатасарај.

ПретходноДончиќ по дебаклот: Ги видов бројките! Страшно!
СледноПадна договор, Пиоли најде нов клуб