Петровиќ на местото на Радуловиќ во Пелистер

396

Екипата на Пелистер во новата сезона ќе тргне со нов тренер. Според нашите информации на местото на Дарко Радуловиќ ќе дојде Александар Петровиќ. Последен ангажман на новиот стратег на битолчани беше актуелниот првак, МЗТ Скопје со кого се раздели пред година и пол.

Петровиќ пред многу години беше предводник на Пелистер, поточно во сезоната 2007/2008.

Битолчани тргнаа со големи визии за враќање на кошарката на високо ниво, а полека но сигурно од година во година ги реализираат своите цели, еднствено што недостига е титулата.

Минатата сезона овој тим имаше голема шанса да стигне до првиот трофеј после долго време, но во финалето на Купот на Македонија беше поразен од МЗТ Скопје, иако беше многу близу до победа. Што се однесува до домашниот шампионат, повторно играше финале, но повторно беше надигран од МЗТ Скопје.

Пелистер во новата сезона ќе биде дел и од АБА2-лига, а според најавите во составот ќе има промени.

ПретходноЛеброн уште две сезони ќе го носи дресот на ЛА Лејкерс
СледноКрис Водл: Мбапе да играше за Англија ќе го критикувавте дека е мрзлив и ужасен без топка