Погледнете каков спектакл направија турските навивачи во Берлин (ФОТО)

227

Голема прослава имаше низ градовите ширум Турција, а се славеше и во германските градови по пласманот на оваа земја во четвртфиналето на Европското првенство.

Познато е дека во Германија живеат многу Турци, особено во главниот град Берин, кој синоќа беше во шампионска атмосфера. Навивачите на Турција направија сцени за паметење. Огномет, факели, знамиња, прослава на улиците на главниот град на Германија.

На моменти се чинеше дека сè се случува во Истанбул или Анкара, но голема турска дијаспора живее во Берлин.

Турците не можеа да посакаат подобро продолжение на Европското првенство, бидејќи на 6 јули во Берлин ќе одиграат четвртфинален натпревар против Холандија.

Нема дилема дека Олимпискиот стадион во Берлин ќе биде исполнет со турски навивачи и може да очекуваме вистински спектакл.

Турција играше во полуфиналето на ЕП 2008, а сега има можност да повтори сличен резултат 16 години подоцна.

Сега има дводневна пауза на ЕП, а на 5 и 6 јули не очекуваат четвртфиналните натпревари, а потоа уште една дводневна пауза пред полуфиналните дуели на 9 и 10 јули.

ПретходноПадна договор, Пиоли најде нов клуб
СледноСУПЕР ВЛТ ВЕСТИ: С.Ќ. од Тетово освои СУПЕР МИЛИОНЕР вреден 6.780.137 денари