Англиски Арсенал во моментов е многу блиску до обезбедување на потписот на еден од највпечатливите фудбалери од ЕП 2024, Италијанецот од Болоња, Рикардо Калафиори. Според информациите на „Кориере дело Спорт“ која ја потврди и инсајдерот Џанлука Ди Марцио, „топчиите“ понудиле 47 милиони евра обештетување и на тој начин се здобиле со пол-позиција во преговорите со Болоња во однос на другите заинтересирани клубови како Јувентус, Пари Сен Жермен, Ливерпул, Челзи и Баер Леверкузен.
Интересно е што Болоња ќе добие само 50 отсто од парите од продажбата на Калафиори, а остатокот го довива Базел, од каде Калафиори минатото лето пристигна во Болоња за обештетување од 4 милиони евра. Тековната недела би можела да биде одлучувачка за затворање на целиот договор, сметаат италијанските извори.