Искусниот Драган Стојков го продолжи договорот со Брера. Стојков во јануари ова година го облече зелено-црниот дрес и важи за столб во играта на струмичкиот тим.
Во пролетниот дел од шампионатот Стојков за Брера имаше 12 првенствени настапи при што имаше и една асистенција. Во својата кариера дефанзивецот има играно за клубови во Грција, Србија и САД.
Од 2018 година повторно е дел од мак-фудбалот и настапуваше за Беласица, Работнички, Тиквеш и Македонија ЃП.