Финалето на Светското првенство во 2030 година ќе се одржи во Мадрид. Стадионот на Реал (М) ќе биде домаќин на финалниот меч, откако одлуката била донесена деновиве.
На СП во 2030 година домаќини ќе бидат Шпанија, Португалија и Мароко (Уругвај, Аргентина и Парагвај – по еден воведен натпревар). ФИФА уште од почетокот инсистираше финалето да се игра во Шпанија, иако Мароканците инсистираа тие да го добијат финалниот меч.
До 31 јули, земјите-домаќини мора официјално да достават список на градови и стадиони кои ќе бидат домаќини на натпреварите на Светското првенство. Во прелиминарниот список Шпанија понудила 12 стадиони.