Хрватска загуби од Нов Зеланд, ама се пласира во полуфиналето!

321

Изненадувачки, да не кажеме сензационален пораз на Хрватска во 2.коло во квалификациската група во Пиреа за пласман на ОИ во Париз. Вчера “коцкестите“ ја смачкаа Словенија а денеска се поразени од Нов Зеланд и тоа со 86:90. Штета за нив, зошто со победа ќе се пласираа како први во групата во полуфиналето. Сепак најважно за нив е што се во полуфиналето како први или втори.

Инаку во текот на целиот меч се водеше тешка битка, Хрватска имаше предност на три – четири минути до крајот и се чинеше дека се е готово. Сепак во последните три минути Нов Зеланд постигна 11 поени а Хрватска ниту еден и на крај победи.

Утре играат Словенија и Нов Зеланд, кој ќе победи ќе оди натаму, сепак Дончиќ и другарите мора да слават најмалку со 10 поени разлика. Инаку првиот и вториот од оваа група ќе играат полуфинале со двете најдобри селекции од другата група во Пиреа во која се Грција, Доминиканска република и Египет. Само најдобрата селекција од сите овие репрезентации ќе се пласира на ОИ во Париз.

ПретходноАлекс е повреден, Гатузо ќе почека да го види Македонецот на дело!
СледноНеуспешна “генералка“: Шкендија поразена во пријателски меч од Партизани!