Швајцарците тврдат: Новак ги измами сите, тој не се правеше операција на коленото?!

907

Зарем е можно? Се разбира ако им се верува на швајцарските медиуми. Имено според нив Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во историјата, и не бил толку тешко повреден и врз него немало операција на коленото, на менискусот. Тие истакнуваат дека просто неможно е за толку кусо време оперираното колено да биде во ред и Новак вчера на Вимблдон да прикаже игра како што прикажа.

Тие фактографски наведуваат што се Новак правеше во изминатите три – четири недели, дека било сомнително, а еден од доказите дека немало операција ја истакнуваат изјавата на Божидар Маљковиќ, тренскиот ас и сегашен прв човек на Олимпискиот Комитет на Србија:

Мојот син ги следи медиумите во Франција секој ден, знае што се пишува таму. Тие медиуми известија дека Новак се правеше операција, но јас му се јавив на неговиот чичко и тој ме уверуваше дека нема никаква операција“ истакна тие денови Маљковиќ.

Којзнае каква намера имаат Швајцарците, но Новак со таа репутацијата што ја има во светски рамки тешко дека би се одлучил на ваков чекор, да мами некого со повредите.

Јасно е дека Швајцарците не можат да си простат што има подобар од нивниот Роџер Федерер во историјата.

ПретходноФиналето на Светското првенство 2030 ќе се одигра на „Сантијаго Бернабеу“
СледноАлекс е повреден, Гатузо ќе почека да го види Македонецот на дело!