Баумгартнер по поразот од Турција: Еден од најтешките денови во мојот живот!

143
Baumgartner
Фото: UEFA/Twitter

Играчот за врска на австриската репрезентација Кристоф Баумгартнер беше многу разочаран по поразот од Турција (1:2) во осминафиналето на ЕП 2024.

„Ова е еден од најтажните денови во мојот живот. Многу ми е тешко да ги најдам вистинските зборови. Сакавме да победиме и дадовме се од себе. Сепак, ова се покажа како недоволно. За нас турнирот заврши многу несреќно. Нашиот притисок беше природен. Ни недостигаше и малку среќа. Се боревме затоа што ова е нашиот карактер: никогаш да не се предаваме.

На крајот имавме неколку можности за израмнување. Се отвори шанса и за мене, но очигледно не требаше да оди понатаму“, изјави Баумгартнер.

ПретходноСУПЕР ВЛТ ВЕСТИ: С.Ќ. од Тетово освои СУПЕР МИЛИОНЕР вреден 6.780.137 денари
СледноБез македонски судиите на Европското женско првенство