Македонската женска ракометна репрезентација ќе биде дел од Европското првенство кое ќе се одржи во три земји, а „црвено-жолтите“ ќе играат во групата во Дебрецин.
ЕХФ ги објави 18 судиски парови што ќе ја делат правдата на претстојното Европско првенство, осум од нив се женски парови. Меѓу номинираните парови нема судиски пар од Македонија.
ЕП 2024 ќе се игра од 28 ноември до 15 декември, покрај Унгарија домаќини се Австрија и Швајцарија. Македонија за противник го има домаќинот Унгарија, Шведска и Турција.
1⃣8⃣ 𝐫𝐞𝐟𝐞𝐫𝐞𝐞 𝐩𝐚𝐢𝐫𝐬 have been nominated for the upcoming Women’s #ehfeuro2024 🇦🇹🇭🇺🇨🇭! pic.twitter.com/uGqS7Cg96E
— European Handball Federation (@EHF_Activities) July 2, 2024