Леброн Џејмс останува во дресот на ЛА Лејкерс и следната сезона. Клубот од Калифорнија и 39-годишната ѕвезда на тимот се договориле за 2-годишен максимален договор вреден 104 милиони долари.
Договорот вклучува опција за играч за вонсезоната во 2025 година и клаузула што му дозволува на четирикратниот МВП на НБА лигата да го блокира трејдот што вклучува негово учество. Покрај Џејмс, само Бредли Бил од Феникс има опција да блокира трејд во НБА.
За Леброн претстојната сезона ќе биде 22-ра во НБА, а во неа ќе дебитира и неговиот најстар син Брони Џејмс и тоа како негов соиграч.
Џејмс претходно ја одби опцијата за продолжување на соработката со составот од Калифорнија вреден 51,4 милиони долари кога стана слободен агент.