Стефано Пиоли не остана долго без ангажман по отказот во Милан. Италијанецот се сели во Саудиска Арабија каде ќе биде тренер на Ал Итихад.
Според последните информации тој потпишал тригодишен договор, а од клубот сметаат дека во моментов не можат да најдат подобро решение на тренерската позиција откако му дадоа отказ на Марсело Гаљардо.
Во скоро време оваа соработка треба да добие и официјална потврда.