Од денеска и официјално Марко Пјаца е старо – ново име во Динамо Загреб, големо засилување за тимот на Стефан Ристовски и Аријан Адеми, По цели осум години тој се врати во својот Динамо и “модрите“ за 1,5 милиони евра и платија на Ријека да го вратат напаѓачот кој некогаш важеше за мега – талент.
Инаку интересно е тоа што во јули 2016 години тогаш за него Јувентус плати неверојатни 30 милиони евра, сума која сеуште е рекорд во ХНС. Сепак кариерата на Пјаца не се движеше во нагорна линија, честите повреди го спречија да покаже навистина што знае.
Сепак и ваков Пјаца е големо засилување за Динамо Загреб.