Изненадувачки, да не кажеме сензационален пораз на Хрватска во 2.коло во квалификациската група во Пиреа за пласман на ОИ во Париз. Вчера “коцкестите“ ја смачкаа Словенија а денеска се поразени од Нов Зеланд и тоа со 86:90. Штета за нив, зошто со победа ќе се пласираа како први во групата во полуфиналето. Сепак најважно за нив е што се во полуфиналето како први или втори.
Инаку во текот на целиот меч се водеше тешка битка, Хрватска имаше предност на три – четири минути до крајот и се чинеше дека се е готово. Сепак во последните три минути Нов Зеланд постигна 11 поени а Хрватска ниту еден и на крај победи.
Утре играат Словенија и Нов Зеланд, кој ќе победи ќе оди натаму, сепак Дончиќ и другарите мора да слават најмалку со 10 поени разлика. Инаку првиот и вториот од оваа група ќе играат полуфинале со двете најдобри селекции од другата група во Пиреа во која се Грција, Доминиканска република и Египет. Само најдобрата селекција од сите овие репрезентации ќе се пласира на ОИ во Париз.