Киеза тргнува по стапките на Дибала

198

Федерико Киеза летово би можел да го напушти Јувентус, а во тој случај неговата најверојатна дестинација е – Рома. Италијанските медиуми откриваат дека агентот на Киеза, Фали Рамадани, претходните денови бил во Рим и дека започнал преговори, а до Јувентус доставил понуда од 20 милиони евра.

Киеза има договор до јуни 2025 година, па и Јувентус мора да калкулира во преговорите, за да не замине без отштета следното лето.

Ова не е првпат да се пишува за заминувањето на Киеза, кој не блескаше минатата сезона, а да потсетиме и дека Тиаго Мота побара ново лево крило, а се споменува и Џејдон Санчо.

Киеза има 26 години, за Јуве одигра 131 натпревар, со 32 гола и 23 асистенции, додека за Италија забележа 51 настап со седум гола.

Останува да видиме дали ќе тргне по стапките на Пауло Дибала и дали ќе биде вистинско засилување за тимот на Даниеле Де Роси.

ПретходноМурињо ќе го засили нападот со играч на Ливерпул
СледноЈунајтед ќе го продава Рашфорд поради Тен Хаг