Арсенал го откупи договорот на Давид Раја за 27 милиони фунти

98

Шпанскиот голман Давид Раја останува во Арсенал откако клубот од северен Лондон реши да го откупи неговиот договор од Брентфорд.

Во август 2023 година Раја му се приклучи на Арсенал на позајмица, тогаш „топчиите“ платија 3 милиони фунти со опција за откуп од 27 милиони фунти. Па таа опција е активирана и Раја останува на „Емирати“.

Минатата сезона Раја одигра 32 натпревари во Премиер лигата, и уште 9 во ЛШ.

 

 

ПретходноЃоковиќ по три часа го победи Фернли и се пласира во третото коло на Вимблдон
СледноСтевковски е нов голман на шампионот Струга ТЛ (ВИДЕО)