Македонската ракометна репрезентативка Драгана Петковска следната сезона ќе го носи дресот на италијанскиот прволигаш Салерно. Нашиот репрезентативен голман минатата сезона ја заврши на голот на грчки АЕК, по што се реши да замине на нова дестинација.
Според потврдената информација, Петковска потпишала едногодишен договор со Салерно. Инаку, минатата сезона 28-годишната Петковска со екипата на АЕК избори опстанок во грчкиот шампионат.
Екипата на Салерно, пак, минатата сезона во италијанското првенство заврши како првопласирана во регуларниот дел, но во пелј-офот беше елиминирана во полуфиналето. Со доаѓањето на Петковска ќе се обидат оваа сезона да стигнат и до титулата.