Кадетите вчера ја победија Албанија, денеска поразени од Србија

46

Кадетската одбојкарска репрезентација на Македонија оствари победа над Албанија во првиот меч на Балканското првернство за играчи до 18 години кое се одржува во Тирана, но денеска во 2. коло беше поразена од главниот фаворит Србија.

Избраниците на селекторот Санев, вчера на отворањето на првенството во 1. коло славеа над Албанија со 3:1 (25:20, 23:25, 25:19, 25:23) и обезбедија можност да се борат за медал. Денеска во второто коло Србија очигледно беше пресилна и обезбеди максимална победа од 0:3 (14:25, 17:25, 19:25).

Во последното трето коло, утре Македонија ќе се сретне со селекцијата на Црна Гора по што ќе биде познат и конечниот пласман на табелата.

ПретходноСтевковски е нов голман на шампионот Струга ТЛ (ВИДЕО)
СледноФутсал шампионот Форца имаше добра ждрепка за првата рунда од ЛШ