Каков малер: Потрошил 8.000 долари за да го гледа Меси, а Лео остана на клупата!

122

Интересни приказни се случуваат со фановите на ЕУРО 2024 и на Копа Америка. Една таква доаѓа од Канада. Имено еден голем фан на Лео Меси, инаку Канаѓанец потрошил 8.000 долари само за да го гледа Меси во живо. Тој и неговите три деца допатувале од Канада во Мајами со цел да го гледаат Меси во живо на мечот Аргентина – Перу, и се разочарале. Познато е дека Меси на тој меч поради повреда беше на клупата и воопшто не влезе во игра.

Секако дека сум многу разочаран. Се ова ме чинеше 8.000 долари. Купивме четири влезници кои чинат по 1.200 долари една, потоа сметајте на четири авионски повратни билети од Торонто до Мајами, па сместување во хотел и сето вкупно е 8.000 долари. И на крај не го видовме Меси да игра. Сепак и јас сум виновен, мораше подобро да се информирам за неговата здравствена состојба. Се лутам сам на себе“ изјави Канаѓанецот кој навистина е голем малер.

ПретходноКрос: Не мислам дека во петок ќе се пензионирам!
СледноРеал заврши одлична работа, заработи богатство на играч кој нема одиграно ниту минута!