Најтрофејниот германски ракометен клуб Кил ја засили голманската позиција со репрезентативецот Андрас Волф. Тој доаѓа меѓу „зебрите“ од Киелце каде што настапуваше од 2019 година.
Волф всушност се врати во Кил каде играше од 2016 до 2019 пред да замине во полскиот клуб.
Волф со Кил стави потпис на договор до 30 јуни 2028 година.
„Мило ми е што се враќам во Кил. Тие ја препознаа мојата желба да играм повторно во Германија. Работеа напорно да бидам овде. Им благодарам на тоа. Го сакам притисокот што се наметнува во Кил и во најсилната лига во светот. Сакам да се натпреварувам со најдобрите секоја недела“, изјави Волф кој беше најдобар голман на ЕП 2016 и 2024 и на СП 2023.