Лион купи дефанзивец од Нотингем Ф. и го урна клупскиот рекорд

196

Француски Олимпик Лион го објави трансферот на Муса Ниакате.

Сенегалскиот дефанзивец се пресели во францускиот клуб од Нотингем Форест, потпишувајќи договор до 2028 година. Ниакате стана најскапото засилување на Лион во историјата, затоа што францускиот прволигаш за него ќе плати сума од 31,9 милиони евра.

Во сезоната 2023/24, Ниакате постигна еден гол на 21 натпревар во Премиер лигата.

ПретходноМарко Мишевски има нов клуб, повторно во Франција
СледноПОТВРДЕНО: Чус Матео на клупата на Реал до 2026 година