Хрватскиот ракометен репрезентативец Лука Циндриќ ќе биде нов член на Веспрем, пренесе унгарскиот клуб. Тој потпиша договор на две години со можност за продолжување на уште две (2+2). Циндриќ беше три сезони во РК Вардар со кој ја освои ЛШ во 2017 година.
Играше и за Металург Скопје, Киелце, Барселона и Динамо Букурешт.