Македонскиот репрезентативец Марко Мишевски е нов ракометар на францускиот второлигаш Курнон Д’Оверње. Како што објави францускиот тим, Мишевски потпиша едногодишен договор со клубот.
Мишевски минатата сезона ја заврши како ракометар на Вардар, а претходно веќе има искуство со настап во Франција, каде беше во сезоната 2018/19 во дресот на Гренобл.