Младинскиот репрезентативец на Македонија, Дашмир Елези е нов фудбалер на косовскиот суперлигаш Приштина. Елези кој има 19 години и е напаѓач претходните шест месеци ги помина во Локомотива Загреб, а претходно играше за Шкендија и за Торпедо Кутаиси од Грузија.