Младинците победија на уште еден контролен натпревар

148

Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија одигра уште еден контролен натпревар за време на подготовките пред ЕП и стигна до нов триумф (97:62)

Младинците беа подобри од комбинирана американска колеџ селекција на мечот одигран во СРЦ „Кале“. Избраниците на селекторот Боро Смилковски за противник имаа комбинирана селекција од САД која настапи под името „Just right“, и со доста подобра игра во три четвртини, стигнаа до убедлива победа 97:62.

Иако уште еднаш во некомплетен состав, нашите млади кошаркари дојдоа до посакуваната цел. Поради повредите, селекторот Смилковски беше приморан да ја „скрати ротацијата“ на само десет имиња.

Капитенот Симиќ реализираше 18 поени, Бојчев и Кечовски имаа по 13, Бошалески и Димитриевски по 12, а Стојаноски даде 10.

Инаку, двата тима ќе одиграат уште една пријателска средба в сабота од 17 часот.

ПретходноОлимписки квалификации: Дончиќ со 36 поени ја однесе Словенија во полуфинале со Грција
СледноУЕФА му изрече суспензија: Турција без херојот Демирал на следните два натпревари