Дарвин Нуњез може да се пресели во Фенербахче, пренесува онлајн изданието Footmercato.
Според изворот, новиот тренер на турскиот гигант Жозе Мурињо е заинтересиран за Уругваецот во обид да ја зајакне напаѓачката моќ на клубот со доведување на играч од највисоко ниво. Преговорите веќе започнале со актуелниот клуб на Нуњез – Ливерпул.
Во сезоната 2023/2024, напаѓачот учествуваше на 54 натпревари во сите натпреварувања, на кои запиша 18 гола и 13 асистенции, а има договор со „црвените“ до средината на 2028 година.
Порталот Трансфермаркт го цени на 70 милиони евра, а тој исто така може да ја подигне цената е во преодниот рок бидејќи моментално игра повеќе од добро за Уругвај на Копа Америка.