Чус Матео останува тренер на Реал Мадрид. Клубот денеска го објави договорот со главниот тренер на тимот и за наредните две сезони до 2026 година.
Во сезоната 2023/24 Реал загуби од Панатинаикос во финалето на Евролигата, но стана шампион на Шпанија, совладувајќи ја Мурсија во финалната серија со 3-0.
Во последните две сезони на клупата на „кралевите“, Матео го одведе тимот до 5 титули, меѓу кои и онаа од Евролигата од пред една сезона.