Одбранбениот фудбалер на Германија, Антонио Ридигер ги сподели очекувањата од претстојниот четвртфинален натпревар на ЕП против Шпанија.
„Тоа е голем и важен натпревар, класика, со нетрпение го очекувам. Според мене, двете најдобри екипи на турнирот ќе се сретнат еден против друг. Гледам неизвесен натпревар, изедначен. Мораме да бидеме подготвени да се бориме.
Треба да имаме храброст да одиме напред бидејќи и тие се ранливи. Притискаат високо, тоа може да се надмине. Но, за ова треба да имаме добар посед на топката и да останеме смирени во стресни ситуации. И не смееме да грешиме“, рече Ридигер.
Да потсетиме, Шпанија и Германија ќе играат меѓу себе на 5 јули.
Дома Меѓународен фудбал ЕУРО 2024 Ридигер за мечот со Шпанија: Битка на двете најдобри екипи на ова...