Стевковски е нов голман на шампионот Струга ТЛ (ВИДЕО)

321

Откако летово го заврши договорот со екипата на Македонија ЃП, голманот Христијан Стевковски во новата сезона ќе го брани голот на шампионот Струга ТЛ.

Стружани денеска го потврдија трансферот на Стевковски, кој во редовите на шампионот доаѓа како слободен фудбалер. 25-годишниот голман потекнува од школата на Скопје, по што и замина на голот на „лавовите“.

Стевковски ги помина и сите младински репрезентативни состави, а минатата сезона имаше 32 настапи на голот на Македонија ЃП во домашниот шампионат на кои прими 39 гола.

ПретходноАрсенал го откупи договорот на Давид Раја за 27 милиони фунти
СледноКадетите вчера ја победија Албанија, денеска поразени од Србија