Англискиот репрезентативец Џон Стоунс имаше многу пофални зборови за својот тренер во Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, кого го нарече најголемиот менаџер во историјата на фудбалот.
„Мислев дека знам фудбал пред да почнам да играм под водство на Пеп. Тогаш брзо сфатив дека не знам ништо. Начинот на кој Пеп ја гледа играта и како сака да играме фудбал има големо влијание. Не само на мене, туку и на другите момци. Знам дека Пеп е најголемиот тренер во историјата на фудбалот“, изјави дефанзивецот на Англија, која в сабота против Швајцарија ќе се бори за место во полуфиналето на ЕП 2024.