Поранешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски по осум години во АЕК Ларнака ги смени клупските бори, останува на Кипар бидејќи ќе игра за ривалот АЕЛ Лимасол.
Тричко стави потпис на едногодишна соработка.
За Тричко ова е четврти клуб на Кипар затоа што во минатото играше и за Енозис Паралимни и АПОЕЛ. Тој играше уште за Вардар, Работнички, Легија од Варшава, Беверен, Бриж, Црвена Звезда.