УЕФА му изрече суспензија: Турција без херојот Демирал на следните два натпревари

522

Херојот на Турција од осминафиналето со Австрија, Мерих Демирал, доби суспензија од два натпревари од страна на УЕФА, откако беше пријавен за прославата на головите прикажувајќи политички симболи.

УЕФА го оценила како „политички“ овој гест на Демирал и покрената истрага против него, по што денеска му изрече суспензија од 2 натпревари.

Тоа автоматски значи дека Демирал нема да може да игра во четвртфиналето против Холандија, па дури и во полуфиналето, доколку Турција успее да ги мине „лалињата“ в сабота.

ПретходноМладинците победија на уште еден контролен натпревар
СледноМарко Мишевски има нов клуб, повторно во Франција