Футсал шампионот Форца имаше добра ждрепка за првата рунда од ЛШ

141

Македонскиот футсал шампион, екипата на Форца, денеска ги доби противниците во првата фаза од новата сезона во Лигата на шампионите.

Форца по денешната ждрепка се најде во групата А, каде за противници ќе ги има шампионот на Андора (ФК Ренџерс), шампионот на Р. Ирска (Блу Меџик Даблик) и најдобриот црногорски состав, КФМ Титоград.

Натпреварите од оваа претквалификациска рунда ќе се одиграат на турнир во Скопје во периодот од 20 до 25 август. Само најдобриот тим од групата ќе им се приклучи на другите екипи во елитната рунда.

„Мислам дека сме главен фаворит за да продолжиме понатаму, но ова мора да го докажеме и на паркетот. Одлучувачки меч ќе биде со Титоград каде се надеваме дека ќе славиме и како за првпат во ова натпреварување се надеваме дека ќе испишеме историја“, изјавил тренерот Газменд Хисеини по денешната ждрепка.

ПретходноКадетите вчера ја победија Албанија, денеска поразени од Србија
СледноВест Хем и Вулвс ги пружија рака – Килман во Лондон за 40 милиони фунти!