Шест македонски играчи и еден странец од шампионскиот состав остануваат во МЗТ Скопје

661

МЗТ Скопје и во новата сезона ќе биде бранител на титулата во шампионатот и во Купот на Македонија. Тимот од Аеродром ја продолжи доминацијата во македонското првенство и засега не се најде херој да го симне од тронот.

Во „сино-белиот“ табор на големо се работи на создавање на ростерот за следната сезона. Она што е најважно е дека раководството на тимот го задржа столбот, поточно ја продолжи соработката со шестмина македонски кошаркари и еден странец.

Остануваат браќата Војдан и Дамјан Стојановски, Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоновски и Марко Миловановиќ. Од странците останува и Марко Баковиќ.

„СпортСпорт“ дознава дека останатиот дел од тимот ќе биде дополнет со македонски кошаркари кои имаат репрезентативен статус и неколку квалитетни странски имиња, кои ќе имаат за задача да ја ги одбранат пехарите во домашниот шампионат и да го вратат МЗТ Скопје во АБА-лига.

Актуелниот македонски првак со овие најави потврди дека останува најстабилниот тим во Македонија, со јасна визија и мисија.

ПретходноТаневски објави поширок список за ЕХФ ЕП во Црна Гора
СледноПиза и посака добредојде на италијанската легенда