КФ Шкендија и Динамо Киев постигнаа договор за позајмица на фудбалерот Решат Рамадани за период од една година.
Решат Рамадани останува во тетовскиот тим барем уште една сезона. Најмладиот од браќата Рамадани, во март 2023 година беше префрлен од Шкендија во Динамо Киев, а во Украина остана до крајот на минатата година.
На почетокот на оваа година клубовите се договорија за 6-месечна позајмица на Рамадани.
„Сега и официјално е дека Решат Рамадани следната сезона ќе настапува во матичниот клуб КФ Шкендија како позајмен фудбалер од Динамо Киев. Овој договор се очекува да помогне во понатамошниот развој на играчот и да придонесе за успехот на нашиот тим. Го поздравуваме продолжението на Решат Рамадани и му посакуваме успех во новата сезона“, се вели во соопштението на Шкеднија.