Јунајтед ќе го продава Рашфорд поради Тен Хаг

1512

Раководството на Манчестер Јунајтед е подготвено да го продаде напаѓачот Маркус Рашфорд ова лето. Според „The Sun“, главна причина за тоа е раздор во односите меѓу фудбалерот и менаџерот Ерик тен Хаг. Клупските газди веќе донесоа одлука да продолжат со Холанѓанецот, па тој што ќе замине е Рашфорд.

Клубот сака околу 80 милиони фунти за својот млад човек, но реално би можел да прифати понуда од околу 60 милиони фунти бидејќи формата на Рашфорд минатата сезона драстично падна, што резултираше со тоа што тој не беше повикан во националниот тим за ЕП 2024.

Напаѓачот следниот понеделник треба да продолжи со тренинзите во базата на Манчестер Јунајтед. Веќе на почетокот веројатно ќе има разговор меѓу него и Тен Хаг, но засега, попрво, неговата иднина не е на „Олд Трафорд“, тврди изданието.

ПретходноКиеза тргнува по стапките на Дибала
СледноТаневски објави поширок список за ЕХФ ЕП во Црна Гора