Откако летово го заврши договорот со екипата на Македонија ЃП, голманот Христијан Стевковски во новата сезона ќе го брани голот на шампионот Струга ТЛ.
Стружани денеска го потврдија трансферот на Стевковски, кој во редовите на шампионот доаѓа како слободен фудбалер. 25-годишниот голман потекнува од школата на Скопје, по што и замина на голот на „лавовите“.
Стевковски ги помина и сите младински репрезентативни состави, а минатата сезона имаше 32 настапи на голот на Македонија ЃП во домашниот шампионат на кои прими 39 гола.