Македонскиот женски фудбалски шампион Љуботен го дозна противникот во Лигата на шампионите. Тетовската екипа е на турнирот од групата 5 кој ќе се игра во Твенте, Холандија, а ривал во полуфиналето ќе биде исландскиот првак Валур.
Во случај нашиот шампион да пројде во финалето ќе игра со подобриот од Твенте и Кардиф Сити.
Турнирите во Лигата на шампионите ќе се играат од 4 до 7 септември.