Вардар стартуваше со подготовките за новата сезона во ПМФЛ. Најтрофејниот тим и сите негови поддржувачи имаат право да сонуваат за многу поубави денови бидејќи зад „црвено-црните“ стои веќе нов спонзор и нови сопственици, кои ги чека тешка, но слатка задача – да го вратат клубот на старите патеки.
Во добро и во лошо со Вардар секогаш се верните „Комити“, тие денеска се појавија на првиот тренинг и направија вистинско шоу. Тие на своите фубалери им порачаа: Вардар засекогаш.