Франција по пенали ја елиминира Португалија и во полуфинале ќе игра со Шпанија

336

Репрезентацијата на Франција е вториот полуфиналист на Европското фудбалско првенство откако по пенали ја елиминира Португалија (5:3). Во регуларниот дел и по продолженијата мрежите мируваа, па победникот се решаваше преку пеналите.
Во првата серија погодија Дембеле (Франција) и Роналдо (Португалија). Во втората Фофана (Франција) и Бернардо Силва (Португалија). Во третата Жил Кунде (Франција) прецизен, а Жоао Феликс (Португалија) ја погоди стативата.
Следуваа голови на Барцола (Франција) и на Мендеш (Португалија), па во петтата серија Тео Ернандез погоди и ја однесе Франција во полуфиналето.

За „триколорите“ тоа е шесто европско полуфинале во историјата. А противник ќе им биде Шпанија. Тој меч ќе се одигра на 9 јули во Минхен.

ПретходноНовото правило на УЕФА за ЕУРО 2024 ќе важи и за клупските натпреварувања
СледноНа истиот стадион, на ист начин, но после 33 години: Херојот на Шпанија го прослави голот како неговиот татко (ВИДЕО)