Со аплауз и солзи го испратија во пензија легендарниот Тони Крос (Видео)

1172

Легендарниот Тони Крос го одигра последниот меч во кариерата. Халфот се повлекува од фудбалот по поразот на Германија од Шпанија со 1:2 по продолженијата во четвртфиналето на ЕП 2024.
По завршување на натпреварот играчот од средниот ред се збогува со фановите на стадионот во Штутгарт. И играчите на Шпанија му аплаудираа на големиот Крос.
Германецот уште пред да почне ЕП најави дека по настапот на шампионатот ќе се пензионира, па елиминацијата на Германија означи и крај на неговата кариера.
Оваа сезона Крос со Реал Мадрид ја освои ЛШ и стана шампион на Шпанија.

ПретходноЈувентус се пофали со две засилувања
СледноИмаше ли пенал за Германија во судиското продолжение?