Аргентина на пенали до полуфинале, Меси промаши од белата точка (ВИДЕО)

315

Светскиот шампион Аргентина се пласираше во полуфиналето на Копа Америка по драматичната победа на пенали над Еквадор. На пенали се стигна по ремито 1-1 во регуларното време кога Лисандро Мартинез со глава го отвори резултатот за „гаучосите“ непосредно пред полувремето, додека Кевин Родригез израмни за Еквадор во судиското надополнување.

Лионел Меси го промаши првиот пенал погодувајќи ја гредата, но Аргентина се врати за да победи со 4-2 и да се пласира во полуфиналето, каде ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Венецуела и Канада.

ПретходноСтоунс брутално искрен: Кога дојде Пеп во Манчестер Сити сфатив дека не знам ништо за фудбалот
СледноТурската федерација испрати жалба на одлуката за суспензија на Демирал