Беса се засили со Самаке и Драгановиќ

1122

Новиот македонски прволигаш Беса ги засили своите редови со уште еден интернационалец, се работи за играчот од средниот ред Адама Самаке кој досега ги бранеше боите на Македонија ЃП.
Тој е играч од Брегот на Слонова Коска, а минатата сезона одигра 36 натпревари во ПМФЛ.
Беса активно работи на трансферниот пазар, а дојдоа Захов, Силјановски, Незири и Адем Драгановиќ.

Драгановиќ доаѓа од клубот Рехден од Германија, има 20 години и игра како дефанзивен играч за врска.

ПретходноМладинците убедливи на контролата против Словачка
СледноСолзи за домаќинот – Шпанија е полуфиналист на ЕП