Де Ла Фуенте: Овие шпански фудбалери имаат срце, тие секогаш сакаат повеќе

344

Шпанија е полуфиналист на ЕП 2024, а селекторот Де Ла Фуенте е презадоволен од реакцијата на своите играчи на мечот со Германија. Шпанците засега се најпостојана екипа на турнирот, па според многумина се фаворити и за трофејот. Победен е домаќинот, Германија со 2:1 со гол во 119 минута.
Овој тим има срце. Ги познавам овие фудбалери и знам дека се ненаситни, постојано сакаат повеќе. Никогаш не се заморуваат од работа. За мене е гордост што можам да тренирам фудбалери од ваков калибар. Знам дека нема да ме изневерат затоа и ја одбрав оваа група.

Утре ќе одмараме и потоа ќе се обидеме да се спремиме за следниот меч.
Голот што го примивме во финишот беше тежок удар. Но психолошката страна на играчите беше силен. Им требаа неколку минути за да се вратат во нормала. Како што одминуваше времето верував дека можеме да ги вратиме работите како што беа. Оддолевавме, напаѓавме и дојде голот за победа“, изјави Де Ла Фуенте.

Педри е повреден. Мислам дека тоа беше старт за црвен картон (Тони Крос). Знам дека на ваквите натпревари се “пука“ со сето оружје, не се жалам на постапката на германските фудбалери“, додаде Шпанецот.
А Шпанија за полуфиналето освен Педри, ќе ги нема и Ле Норманд, Карвахал и Мората поради суспензија.

ПретходноИмаше ли пенал за Германија во судиското продолжение?
СледноРадуловиќ повторно ќе работи во Косово