Душко Трајчевски се врати во ПМФЛ и го засили Гостивар

989

Фудбалерот на средниот ред Душко Трајчевски по неколку години на Кипар се врати во Македонија и го облече дресот на Гостивар. 33-годишниот фудбалер кој има шест настапи за сениорската репрезентација на Македонија од 1 јули е слободен фудбалер откако ја напушти Докса Катокопиас и по шест години повторно ќе игра во македонскиот шампионат.
Тој почна во Локомотива, играше за Тетекс и Работнички, а потоа замина на Кипар, прво една сезона во Алки и потоа во Докса за која има преку 130 натпревари.

ПретходноСолзи за домаќинот – Шпанија е полуфиналист на ЕП
СледноЈувентус се пофали со две засилувања